Странските инвестиции- бенефит за македонската економија
Странските директни инвестиции носат бенефит за македонската економија. 500 домашни компании соработуваат со странците, се отвораат и директни и индиректни работни места. Освен профит, се стекнуваат нови знаења – дел од отчетот на Владимир Пешевски...

Приливот на странски капитал од 2006-та до 2015-та година изнесува 2,6 милијарди евра, што е за над 2 и пол пати за периодот до 2005-та, вели Владимир Пешевски. Според него, странските инвестиции освен вработувањата ги зголемиле и обемот на работа и приходот на повеќе од 500 домашни компании.
„Со сегашните проекции од самите инвеститори, вкупни директни вработувања во странските инвестиции во наредните 2-3 години ќе достигнат 34.000, што значи подобри услови за живот на 34.000 семејства“, изјави Пешевски.
Според Пешевски, лани извозот бил 4 милијарди и 51 милиони евра, што е за 100% повеќе споредено со 2006 година. Рече дека освен привлекување странски инвестиции, во изминатиот период акцентот бил ставен и на развојот на земјоделството. Во последните десет години за македонските земјоделци биле наменети вкупно 1 милијарда и 55 милиони евра, а биле склучени 8.692 договора за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, стои во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ.
„И во 2016 година ќе се објавуват огласи за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп на најмалку 5.000 хектари“, вели Пешевски.
Пешевски рече дека со Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој се поддржани вкупно 447 проекти вклучувајќи ги и оние за подобрување на квалитетот на животот во овие средини.
Наташа Јанчиќ
