Кери: Да се засилат напорите во борбата против тероризмот
24.03.2016 16:28
За време на посетата на Москва, Кери истакна дека нападите во Брисел покажале дека заканите од тероризмот кој доаѓа од Блискиот Исток мораат да се запрат.

Американскиот државен секретар Џон Кери по терористичките напади во Белгија повика да се засилат напорите во борбата против Исламска држава во Сирија и во Ирак.
За време на посетата на Москва, Кери истакна дека нападите во Брисел покажале дека заканите од тероризмот кој доаѓа од Блискиот Исток мораат да се запрат.
Меѓудругото, тој истакна и дека кревкото примирје во Сирија влијаело на намалување на насилството, но дека е потребно уште повеќе да се намали и да се зголеми приливот на хуманитарна помош.
