Брисел наликува на воена зона, продолжуваат антитерористичките акции
Нови апсења во Брисел. Минисиетрите за внатрешни работи и за правда поднесоа оставки, премиерот не им ги прифати...

Антитерористичките акции на полициските сили во Бегија продолжуваат со несмален интензитет. Официјално третиот осомничен за терористичките напади на аеродромот „Завентем“ сѐ уште е во бегство. Но, во Брисел во 10 часот утринава, токму овде, пред зградата на општината Иксел, која е пак на само 100 метри од најфрекфентниот булевар Луиз, беше уапсено едно лице кое се товари за помагање на терористите- потвдрија од Министерството за внатрешни работи, без дополнителни детали во интерес на истрагата. Сведоците велат дека акцијата спектакуларно наликувала како акционен филм. На апсењето предходела брканица со автомобили во реонот околу европските институции, а се слушнале и рафали од автоматско орузжје.
Инаку вчера попладне министрите за внатрешни работи и правда, Жан Жамбон и Коен Генс, поднесоа оставка од функциите, која не им беше прифатена од страна на белгискиот премиер Шарл Мишел, со образложение дека во период на вонредна состојба и терористи во бегство, институциите треба да останат стабилни.
Оставките следуваа по објавувањето на официјална Анкара дека белгиските власти беа информирани и предупредени за ваквите сценарија, особено по екстрадицијата во јуни минатата година, на еден од браќата Ибрахим Ел Бакри од Турција во Холондија, а потоа во Белгија. Бакри не е непознат на белгиските надлежни институции. Во 2010-та година, му е пресудено 10 години затвор за тешки кражби и напад на полициски службеници со огнено оружје. Сепак, по само две години, бил помилуван и ослободен со условна казна.
А денеска во Брисел итен состанок одржуваат и министрите за правда и безбедност на земјите- членки на Унијата. Ќе следи офцијално соопштение.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
