Поволности за добивање на земјоделски субвенции
Земјоделците кај кои ќе биде утврдена помала површина или помал број на добиток од напишаното во барањето за субвенции досега се казнуваше со тригодишна забрана за исплата на финансиска поддршка. Со измените на законот оваа забрана се намалува на една година.

Казните се намалуваат. Земјоделците кои од какви било причини во барањето за субвенции навеле поголем број добиток или површина нема да се ставаат на црната листа на платежната агенција за тригодишна забрана за исплата.
Доколку по извршената контрола се утврди разлика меѓу пријавената во барањето на подносителот и фактичка состојба на теренот, земјоделското стопанство ќе се исклучи од директни плаќања само за тековната, а не и за наредните три години.
Доколку неусогласеноста се повтори и во наредните пет години тогаш казната повторно се зголемува и земјоделецот нема да има право на исплата на субвенции за тековната и за наредните три години.
Методија Трајков
