Климатски промени: Наредниот период клучен за намалување на загадувањето
Државите мора да донесат национални планови за намалување на загадувањето согласно одлуките од конференцијата на Обединетите нации во Париз за справување со климатските промени. Иако 188 држави во светот ја потпишаа декларацијата за спречување на климатските промени, не е постигнат значителен напредок во намалувањето на глобалното загадување на планетата.

Наредниот период е клучен за спроведување на одлуките на национално и регионално ниво за намалување на загадувањето што предизвикува глобално затоплување на планетата. Целта за глобално затоплување до максимум 2 степени се уште не е постигната.
„Детекторот на климатски промени која е аналитичка група што најмногу се бави со оваа тематика, прогнозира дека глобалното затоплување во просек било 3,6 степени во 2014-та година, во индустриските развиени земји. Минатата година по конференцијата во Париз, оценката е 2,7 степени и е еднаква на зголемената температура во светот од 8 степени целзиус“, вели Триг Телеј, заменик специјален пратеник за климатски промени во Стејт Департмент.
Донаторите и богатите држави ќе донираат 100 милијарди долари што ќе бидат поддршка за посиромашните држави за намалување на загадувањето.
„Многу земји се движат во овој правец, Соединетите Американски Држави, Г7 земјите, воведуваат анализи за климатските промени во нивните програми за развој. Договорот од Париз го поддржува планирањето на влијанието на климатските промени и ги охрабрува и останатите држави да го направат тоа“, изјави Шарин Десоуза, офицер за надворешни работи во Стејт Департмент.
Државите се обврзаа дека оваа година ќе подготват планови за еколошко земјоделство и индустрија, користење на чисти извори на енергија и намалување на издувните гасови.
188 држави во светот што ја потпишаа декларацијата за спречување на климатските промени ќе се состанат во 2020-та за да ги договорат целите за намалување на загадувањето во наредните децении.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
