Иванов: Македонија сака отворени и искрени односи со сите соседи
Посакувам Бугарија да биде најголемиот поддржувач на Македонија. Имаме многу отворени прашања од минатото, но не можеме да ги смениме историјата и географијата, вели претседателот Иванов во интервју за бугарската новинска агенција „БГ-НЕС“...

Македонија сака со сите соседи, вклучително и со Бугарија, да има отворени и искрени односи на добрососедство и пријателство, порача претседателот Иванов во интервју за бугарската новинска агенција „БГ-НЕС“.
Посакувам Бугарија да биде најголемиот поддржувач на Македонија. Имаме многу отворени прашања од минатото, но не можеме да ги смениме историјата и географијата. Можеме да имаме отворени прашања за сѐ, но кога постои ваква криза како бегалската, таа треба да биде приоритет, за да постои соработка меѓу надлежните институции, смета Иванов.
Шефот на државата предупреди дека со затворањето на балканскиот коридор, се отвора можноста за формирање на нови рути преку Бугарија и Албанија, со цел мигрантите да стигнат до Централна Европа.
