Случај „Ќелија“: Продолжува седницата за оцена на обвинителниот акт

25.03.2016 11:04

На првата јавна седница, шестмина осомничени изразија подготвеност за признавање на вината и побараа во спогодба со јавниот обвинител да им биде определена казната...

Во скопскиот Кривичен суд, продолжение на јавната седница за оцена на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“. На првата јавна седница, шестмина осомничени изразија подготвеност за признавање на вината и побараа во спогодба со јавниот обвинител да им биде определена казната.

Останатите петмина осомничени пред судот истакнаа дека се не чувствуваат виновни. Судот му даде рок од две недели на обвинителството да постигне спогодба за признавање на вината со осомничените.

Според обвинителството осомничените се товарат за регрутирање лица во странски војски или паравоени формации, за собирање финансиски средства и материјална помош и учество во странска војска.