Во напад на ПКК убиени тројца турски војници

25.03.2016 11:27

Нападот бил извршен врз полициска станица во округот Дијарбекир, покрај која бил кренат во воздух автомобил, полн со експлозив.

Тројца турски војници се убиени, а 22 се ранети во напад со автомобил-бомба извршен од припадници на Курдската работничка партија на југоистокот од земјата.

Нападот бил извршен врз полициска станица во округот Дијарбекир, покрај која бил кренат во воздух автомобил, полн со експлозив.

Во тек е операција за пронаоѓање на одговорните за нападот.