Претставен системот за присилно запирање возила во бегство- „Стингер“

25.03.2016 12:21

Дел од обуката за контрола на возила и безбедност во сообраќајот, која се спроведува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија...

Во Центарот за обука во Идризово, изведена практична вежба за употреба на системот за присилно запирање на возила во бегство таканаречен „Стингер“.

Таа е дел од обуката за контрола на возила и безбедност во сообраќајот, која се спроведува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија за натамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување и борбата против организираниот криминал.