Ошлис: ЕУ и НАТО немаат искрени намери кон Македонија
Германија и членките на ЕУ и НАТО немаат искрени намери кон евроатланската интеграција на Република Македонија, бидејќи и покрај постоењето на Пресудата од Хаг во корист на Скопје, тие инсистираат на решавање на спорот за името, кој е неоснован, смета германскиот професор и Балканолог Волф Ошлис.

- Германија и сите членки на ЕУ и НАТО непречено го поддржуваат фактот дека Македонија „мора да биде во ЕУ“, дека „вратите на ЕУ остануваат отворени за Македонија„ и т.н. Тоа се само глупави и нечесни фрази, пред се, од Германија, која нема искрени намери во однос на Македонија, и ако ги има тие се само пусти желби, вели Ошлис во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.
Во однос на прашањето за намерите на Меркел и Германија Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО без ултиматум, Ошлис потсетува на изјава на канцеларката за евроинтеграциите.
-...Канцеларката Меркел, веќе пред неколку години изјави дека уште Хрватска ќе влезе во ЕУ, потоа вратите на Унијата ќе бидат затворени, за една долга, долга „пауза“. Економската руина Хрватска со своите 50 милијарди евра долгови кон странство од ланскиот јули стана членка на ЕУ. Истата Ангела Меркел има антипатија кон Mакедонија и Србија, а таа антипатија ја прави беспомошна Европската унија...„оценува германскиот професор.