Владата и опозицијата на Сирија на заедничка „маса“ во Женева
Заврши првата средба на претставниците на сириската Влада и на опозицијата во Женева, а следната е закажана за 16 часот според локално време.
На средбата говорел само специјалниот претставник на Обединетите нации и на Арапската лига, Лахдар Брахими.
Брахими претходно најави дека негова цел е прво да разговара за практични политички чекори, како прекин на огнот, ослободување на затворениците и достава на хуманитарна помош до населението, пред да почнат тешките политички преговори.

Пред првата средба опозицијата одбиваше да се сретне со делегацијата на сирискиот претседател Башар ал Асад, се додека таа не се согласи да го потпише протоколот „Женева 1“ од 2012 година, со кој се бара формирање на преодна влада.