Шест обвинети во „Ќелија“ осудени од 5,5 до 7 години затвор
25.03.2016 14:19
Петмина се осудени на затворска казана од пет и пол години, а највисока казна од седум години доби првообвинетиот, оџата од Чаир.

Шест од 11 обвинети во случајот „Ќелија“ пред судот признаа дека учествувале на воените боишта во Сирија и добија помала казна. Петмина се осудени на затворска казана од пет и пол години, а највисока казна од седум години доби првообвинетиот, оџата од Чаир.
По спогодбата со Основното јавно обвинителство, оџата е осуден за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во Сирија.
Судот треба да одлучува за уште пет обвинети кои не признаваат вина во случајот. За нив во одвоен процес ќе се расправа за обвинението и приговорите на адвокатите.
