Кери: Јас сум граѓанин на Брисел
25.03.2016 15:15
Тој потсети дека белгијците на истиот начин ги поддржаа американците по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година.

Американскиот државен секретар Џон Кери го поддржа белгискиот народ со пораката: „Јас сум граѓанин на Брисел“. Тој потсети дека белгијците на истиот начин ги поддржаа американците по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година.
Кери, кој денеска допатува во Брисел истакна дека жртвите во нападот не биле борци во некаков судир и не претставувале никаква опасност за разлика од терористите чијашто единствена цел е убивање и заплашување.
