Убиен заменик- командантот на ИД

25.03.2016 16:56

Џихадистот Абдул Раман Мустафа е ликвидиран, а деталите за акцијата попладнево се очекува да ги соопшти американскиот секретар за одбрана, Еш Картер.

Американците во операција во Сирија го убиле заменик – командантот на Исламска држава.

Џихадистот Абдул Раман Мустафа е ликвидиран, а деталите за акцијата попладнево се очекува да ги соопшти американскиот секретар за одбрана, Еш Картер.

Претходно, властите во Вашингтон како награда за информација поврзана со терористот нудеа 7 милиони долари.