Хејден: ЕУ има пропусти во безбедноста
Европските процедури за безбедност имаат многу пропусти и ако ова не се подобри ќе стане полошо, предупредува поранешниот директор на ЦИА Мајкл Хејден. Според него, Европејците кога ќе се случи некој напад во Европа бараат информации од американските разузнавачи иако не ги одобруваат нивните методи на работа...

Поранешниот директор на ЦИА и на воената Американска Национална Агенција- НСА, Мајкл Хејден смета дека Европа греши при почитувањето на приватноста и транспарентноста на сметка на безбедноста. Според него, нападите во Брисел биле одамна планирани, но биле порано изведени откако сите медиуми и европски политичари објавиле за апсењето на терористот во Брисел, па тогаш останатите во оваа терористичка ќелија побрзале со нападите за да не бидат откриени. Апсолутното почитувањето на човековите права може да ја одведе Европа во уште поголема опасност, предупредува Хејден.
„Шенген договорот создава пропусти бидејќи земјите членки ја предадоа безбедноста на европските институции, и сега се чувствуваат многу непријатно поради тоа. Ова ќе предизвика пропусти во унијата, ваква како што е формирана во моментов. Спротивставеноста меѓу приватноста и безбедноста, исто така ќе создаде голема затегнатост во ЕУ. Освен ако Унијата не се адаптира, ова ќе стане полошо“, изјави Хејден.
Оваа администрација во САД, со притворањето на бомбашот од Бостон и неговото почитување на права ја следи европската политика, но тоа не ја прави Америка побезбедна, смета поранешниот директор на ЦИА. Изведувањето на само 20 воздушни напади дневно врз Исламската држава што е најголема закана за светот, не е доволно.
„Една работа што сметам дека ние треба да ја направиме, е да се откажеме од фантазијата дека ова нема врска со Исламот. Патем, одговорот на ова закана, нема ништо со Исламот. Сите тие не мразат, и искрено верувам дека поради ова не напаѓаат. Она што ни е потребно е да прифатиме дека има некаква врска со Исламот, но не со сите, не со нашите муслимани. Но има врска со Исламот и мораме за ова да разговараме со нашите сојузници муслимани“, нагласува Хејден.
САД се во војна со Ал-Каеда и ИДИЛ и нивните поддржувачи, и тка дејствуваат за разлика од европските сојузници кои не го одобруваат тоа и по цена на безбедноста на нивните граѓани, оценува поранешниот директор на ЦИА.
Според поранешниот директор на ЦИА, САД се побезбедни сега отколку во 2001-та година.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
