Бебето од Дојран нема Денга вирус, во Германија се испитува дали има Зика
Резултатите од проверките треба да бидат готови за 10-ина дена...

Во Германија ќе се испитува дали бебето од Дојран што пред две ипол недели било примено на Детската клиника во Скопје има вирус на Зика. Резултатите од проверките треба да бидат готови за 10-ина дена.
Испитувањата покажале дека бебето родено со мала глава нема Денга вирус. Здравствените власти повикувајќи се на мислењата на стручњаците, велат дека нема место за паника. Аномалиите кои најверојатно се предизвикани од вирус, настанале уште во првите 3 месеци од бременоста кога е развојниот период на мозокот и на другите органи.
Мајката во тој период патувала во Грција и била касната од комарец. Формирана е комисија која го следи случајот и без разлика на резултатите, ќе се детектира каде е направен пропустот.
