„Ало докторе“: Минатата седмица совет побарале 1.218 лица

28.03.2016 10:00

Од кога започна да работи телефонската линија 02/15 123 од септември 2014 до вчера имало вкупно 84.109 повици.

На телефонската линија „Ало докторе“ минатата една недела совет поварале  1.218   граѓани.

Од кога започна да работи телефонската линија 02/15 123 од септември 2014 до вчера имало вкупно 84.109 повици.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори  вкупно се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки,  симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.

На сите оние лица кои побараа медицински совет им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.