Седум децении живот на македонците во Србија

28.03.2016 10:41

70 години од доселувањето на македонците во Војводина. Јубилејот се прославува за да се зачувуваат македонските корени и традицијата...

Во Србија пред 70 години околу 60.000 македонци колонисти организирано беа доселени во Војводина. Тие и нивните наследници и ден денес живеат најмногу во околината на Панчево. По тој повод на почетокот на април, бројната македонска заедница јубилејот ќе го одбележи со повеќе културни и научни манифестации- под мотото „Мајка Македонија“.

„Целта на манифестацијата е зачувување на нашите македонски корени, на нашата традиција и историја. Прославување на голем јубилеј, бидејќи 70 години живееме во државата Србија која стана наша втора таковина, но со симболиката на манифестацијата со наслов „Мајка Македонија“ која се наоѓа во нашите срца“, изјави Борче Величковски, претседател на НС на македонската заедница во Србија.

Манифестацијата ќе трае цела година, на центаралнта манифестација се очекува доаѓањето на претседателите на Србија и на Македонија, а се предвидува и поставување во Панчево на бронзен споменик на скулпторот Синиша Новевски.

„Се работи за двометарски постамент кој претставува мајка со две деца- од кои едното гледа во земјата која му стана нова татковина, а другото гледа во својата мајка која ја напушти“, вели Величковски.

Во пресрет на јубилејот, македонското здружение „Пела“ во Сомбор одржа книжевно-историска манифестација на тема Македонците од Сомбор и србите во Македонија, на која учествуваа претседателот на друштвото на писатели на Србија, Радомор Андриќ, Виктор Шеќеровски, гостите од Скопје- писателите Васил Тоциновски и Христо Петеревски.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ