Билансот на загинати во нападите во Брисел достигна 31 лице

28.03.2016 10:48

Во оваа бројка не се вклучени тројцата напаѓачи самоубијци. Досега е утврден идентитетот на 28 загинати.

Билансот на загинатите во самоубиствените бомбашки напади од 22-ри март на аеродромот и метрото во Брисел достигна 31 лице, соопшти Белгискиот кризен центар.

Во оваа бројка не се вклучени тројцата напаѓачи самоубијци. Досега е утврден идентитетот на 28 загинати.

Се очекуваат резултатите од ДНК тестовите, со цел да бидат идентификувани преостанатите тројца загинати.