Бан Ки-Мун го осудува терористичкиот напад во Пакистан

28.03.2016 11:13

Бан Ки-Мун повика „извршителите на овој ужасен терористички акт што побрзо да бидат изведени пред суд“.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, го осуди вчерашниот самоубиствен напад во пакистанскиот град Лахоре, при што загинаа над 70 лица, а 200-те беа повредени.

Бан Ки-Мун повика „извршителите на овој ужасен терористички акт што побрзо да бидат изведени пред суд“.

Францускиот претседател Оланд изјави дека неговата земја е солидарна со Пакистан и дополни дека Париз е непоколеблив во својата желба насекаде да се бори со тероризмот.

Најголемиот број од жртвите се жени и деца. Одговорноста за нападот ја презеде милитантната исламистичка група Џамлат Ул Ахрар, која се претставува како фракција на пакистанските талибанци.