„Денови на македонската музика“ од 30-ти март до 14-ти април

28.03.2016 15:00

Од 30-ти март до 14-ти април, ќе се одржи манифестацијата „Денови на македонската музика“ под покровителство на претседателот Иванов. Во 16-те фестивалски денови, се предвидени 11 концерти, а ќе бидат изведени 33 светски премиери и 14 македонски...

Концерти, светски и домашни премиери. Пред нас се 16 фестивалски дена на 39-то издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“.  Публиката ќе може да ги слушне најдобрите и најновите дела од македонската музичка култура, ќе настапат ансамбли од целиот свет кои ќе презентираат македонска музика и музика од земјата од каде што доаѓаат.

16-те фестивалски дена ќе бидат исполнети со концерти од сите жанрови, работилници, дебати и презентации за кои фестивалот традиционално соработува со најважните музички институции од Македонија.

Фестивалот поттикнува интеркултурна размена и создава инспиративна основа за сите учесници, музичари и композитори од земјата и странство, како и за македонската публика, велат од Сојузот на композитори.

Деновите на македонската музика се затвораат на 14-ти април, со концерт на Македонската филхармонија во чест на 80-годишнината од раѓањето на маестро Александар Џамбазов.

 

Александра Перевска