Ракомет

Данска и Франција за злато

25.01.2014 13:17

Ракометните репрезентации на Данска и Франција...

Ракометните репрезентации на  Данска и  Франција ќе играат во големото финале на европското првенство.

Во полуфиналните натпревари домаќинот Данска со поддршка на 14000 навивачи ја победи Хрватска со 29-27, а селекцијата на Франција беше подобра од актуелниот светски првак Шпанија со 30-27.

Очекувано, многу квалитет, борбеност и докрај неизвесни полуфинални средби.

Победниците имаа идентична негатива на полувремето од 2 гола.

Франција отвори со сигурно водство против Шпанија со 7-2., но имаше проблем со реализацијата во првото полувреме што беше под 50%, па предводена од одличниот Кањељас кој постигна 5 гола во првото полувреме, Шпанија се врати и на одмор замина со 14-12. Триколорите одново одлично го почнаа второто  полувреме, поведоа со 18-16, издржаа период со 2 исклучени ракометара и на 5 минути до крајот имаа 26-25. Во финишот блесна Абало со три последовни гола, Димулин одлично го замени Омејер на голот на Франција чии голмани имааа 33% одбрани спроти скромните 20% на шпанските чувари на мрежата.

 

Со 15 одбрани, дел од нив во моментите кога беше најпотребно, до можност за одбрана на титулата од Србија Данците ги доведе одличниот Ландин.

Хрватска беше подобар противник во првото полувреме(15-13), коцкастата одбрана најави и успеа да го запре Микел Хансен кој постигна само 2 гола, но не и миленикот на домашната публика Егерт кој натпреварот го заврши со 8 голови, а одличен настап  имаше и Тофт Хансен на линијата од 6м. со 4 погодоци и неколку изнудени седмерци. Клучниот период за пресвртот се случи на почетокот на второто полувреме кога хрватите речиси 7 минути не го видоа противничкиот гол.

Заврпните натпревари во Јуске Банк арената во Хернинг се утре(недела).

Од 15 часот во битката за бронза ќе играат Хрватска-Шпанија, а од 17.30 е големото финале меѓу Данска и Франција.