Во Ротердам уапсен французин осомничен за планирање терористички напад
28.03.2016 15:22
Во Ротердам е уапсен 32-годишен французин, осомничен за учество во планирање на терористички напад...

Холандското обвинителство соопшти дека на барање на француските власти, во Ротердам е уапсен 32-годишен французин, осомничен за учество во планирање на терористички напад.
Се најавува дека во многу скоро време тој ќе биде екстрадиран во Франција. Во акцијата на холандското обвинителство приведени биле уште три други лица.
