Кери: Претседателските избори се срамота за нашата држава
Американскиот државен секретар Џон Кери, досегашниот тек на предизборната кампања на кандидатите за претседател на САД, според некои пораки ги оцени како голема срамата за државата. На прашањето како светските лидери ги доживаат американските избори одговори дека е многу чесно да се каже дека тие се шокирани...

Хаосот што го предизвикаа некои изјави во изборната кампања на претседтаелксите кандидати е срамота за нашата држава особено, изјави државниот кандидат Џон Кери.
„Во одредена мерка според некои прашања којшто ми ги поставуваат јасно ми е дека она што се случува е срамота за нашата земја особено за контраверзните ставовите на некои републикански кандидати“, изјави Кери.
Во врска со глобалниот проблем за миграцијата од Блискиот исток, но и заканите што се упатуваат од ИСИЛ особено по нападите на Брисел, надворешната политика повторно зазеде главно место во камапњите.
Тексашкиот сенатор Тед Круз предложи полицијата да ги патролира населбите во кои живеат лица со исламска вероисповед, а Донал Трамп претходно се заложи привремно да се забарани на муслиманите влез во Америка, но во последно време бара промени во безбедносните механизми.
„Мислам дека НАТО која е најстара безбедносна организација работи со застарени методи, неопходни се реформи. Но не велеам дека Русија не ни е закана, но сепак ми се чини дека Сојузот воопшто не разговара за тероризмот“, смета Трамп.
И кампањата на демократските кандидати Сандерс и Хилари измина во знакот на терористичките напади во Белгија, тие ги повикаа европските земји да ги подобрат безбедносните ситеми и размената на разунавачки податоци.
„САД и Европа би требало подобро да ги прегледаат протоколите на аеродромите и на дугите лесни цели. Но, јас не сум подготвена официјално да поргласам војна против припадниците на Исламската држава, и се согласувам дека САД треба поинтезивно да се борат против оваа група“, смета Хилари Клинтон.
Њујоршкиот фаворит Доналд Трамп се повеќе се доближува кон номинацијата на Републиканците, но многумина во естаблишменот на оваа партија не се подготвени да го прифатат неговиот апел, тие да се обединат и аа застанат зад него.
Доколку Трамп не успее да го добие доволниот број на делегати пред конвенцијата, велат добите познавачи на американските предизиборни состојби, тогаш би можело да доведе до таканаречена отворена конвенција, чијшто исход е тешко да се предвиди.
Мирјана Василева
