Магична претстава на Мело !
Кармело Ентони беше предводник на десетина кошаркари...

Кармело Ентони беше предводник на десетина кошаркари што на свој начин ја одбележаа НБА ноќта во којашто се одиграа 13 натпревари. Крилото на Њујорк Ентони блескаше во победата на „Никс“ против Шарлот со 125:96 што е прва по низа од три порази. Со 62-та поена Мело собри три рекорди: личниот, потоа на Њујорк и тоа на Бернард Кинг од 60 кошеви, како и на Медисон Сквер Гарден, поточно на Коби Брајант кој во легендарната сала уфрли 61 поен. Дека тоа ќе биде блескава вечер на Кармело Ентони беше јасно уште во првото полувреме во коешто постигна 37 поени, а на крајот додаде и 13 скока.
Мирза Телетовиќ го одигра најдобриот НБА натпревар досега. Бруклин ја оствари деветтата победа во последните десет меча и тоа дома против Далас со 107:106. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Телетовиќ реализираше 34 поени иако одигра помалку од 27 минути. Несекојдневното постигнување на Телетовиќ е во 24-те коша на во втората четвртина. Мирза погоди и седум тројки од 13 обиди.
Индијана е најдобра во лигата со 34 победи и само 8 порази, но се намачи кај една од најслабите екипи Сакраменто иако домаќинот играше без двајца многу важни кошаркари ДеМаркус Казинс и Руди Геј. „Пејсерс“славеа по продолжение со 111:110 откако мечот по 48 минути заврши нерешено, 103:103. Пол Џорџ собра 36 поени оставајќи го без победносна вредност ефектот на тандемот на „Кингс“ Маркус Торнтон со 42 и Ајзеа Томас Јуниор со 38 поени.
Третиот триумф по ред Минесота го оствари кај Голден Стејт славејќи со 121:120 благодарение на кошот на Кевин Мартин на осум секунди до крајот. Заедно со Мартин по 26 поени кај „Тимбервулвс“ постигнаа и Кевин Лав и Никола Пековиќ кој имаше и 14 скока.
Со шест победи во последните девет натпревари, Торонто е изненадувачки трет на „Истокот“. Капитенот ДеМар ДеРозан со 34 поени ги предводеше „Репторс“ до вториот врзан триумф и тоа кај Филаделфија со 104:95.
28 поени и дури 20 скока беше ефектот на Тобијас Херис со којшто Орландо им го нанесе треиот пораз во низа на Лејкерс, 114:105.
Без Ал Хорфорд и Перо Антиќ, Атланта не можеше да му се спротивстави на тимот со трет скор во лигата Сан Антонио иако играше дома. „Спарс“ беа подобри со 105:79 затоа што го имаа расположеното трио Борис Диао со 21, Пети Милс со 18 и Тим Данккан со 17 поени, 16 скока и 5 блокади.
И покрај отсуството на тандемот Кевин Дурент - Расел Вестбрук, Оклахома како гостин го совлада Бостон со 101:93. Серж Ибака реализираше 21 кош и 7 асистенции за 34 - от триумф на „Тандерс“ коишто со 10 порази се веднаш за Индијана, а најдобри во „Западната конференција“.
Благодарение на кошот на Ерик Гордон на 1,9 секунди до крајот, Њу Орлеанс триумфираше кај Детроит со 103:101. Бадијала за домаќините Брендон Џенингс имаше 28 поени, од нив 16 во третиот период, а Андре Драмонд собра по 20 поени и скока.
Најзаслужен за победата на Клиперс кај Чикаго со 112:98 беше Блејк Грифин кој имаше учинок од 26 поени, 13 скока и 7 асистенции.
Вашингтон победи на гости кај Феникс со 101:95. Најефикасен беше Тревор Ариза со 23 коша.
Во најнеефикасните натпревари, Кливленд беше подобар од Милвоки со 93:78 со 16-те поени на Андерсон Варежао, а Хјустон загуби дома од Мемис со 88:87 без разлика што домашниот кошаркар Чендлер Персон беше играч на мечот со 34 поени.
Резултати:
Њујорк - Шарлот 125: 96
Бруклин - Далас 107:106
Голден Стејт - Минесота 120:121
Сакраменто - Индијана 111:116 (по проджение)
Атланта - Сан Антонио 79:105
Бостон - Оклахома 83:101
Орландо - Лејкерс 114:105
Филаделфија - Торонто 95:104
Кливленд - Милвоки 93:78
Детроит - Њу Орлеанс 101:103
Чикаго - Клиперс 95:112
Хјустон - Мемфис 87:88
Феникс - Вашингтон 95:101
