Престрелка предизвика затворање на американскиот Конгрес
Вооружен напаѓач предизвика привремено затворање на американскиот Конгрес. Напаѓачот идентификуван како 66-годишниот Лари Расел Доусон од Тенеси и порано предизвикал инцидент во Конгресот. Овојпат впрерил пиштол во полицајците од конгресната полиција, по што бил ранет.

66-годишниот Лари Расел Доусон од Тенеси се обидел да влезе во Центарот за посетители на американскиот Конгрес, но пиштолот што го носел бил забележан на металниот детектор. Откако бил откриен, напаѓачот го вперил пиштолот во полицајците, по што бил ранет, приведен и пренесен во болница. Нема повредени полицајци, но при интервенцијата ранета е една жена од штрапнели. Веднаш по инцидентот бил затворен Конгресот и сите што во моментот се наоѓале во него.
„Очекував да чујам: Вежба, вежба! по најавата, но немаше. Затоа ги однесов моите на сугурно“, вели еден ветеран од авијација.
„Јас не чув ништо внатре. Таму беше мојот сопруг. Биле однесени во театарот ми испрати порака, рече дека чул истрели од пиштол и дека дошле од нивото погоре над ресторанот“, вели една посетителка.
Според шефот на конгресната полиција, Метју Вердероза, напаѓачот е познат од претходно. Минатиот октомври тој предизвикал индидент и повредил еден полицаец. За време на инцидентот на местото на настанот се упатиле и тимови на тајната служба и воената полиција, како дел од зголемените мерки на безбедност во американскиот главен град.
По нападите во Брисел, Конгресот, Белата куќа и други значајни објекти во американаката престолнина се под засилени мерки за безбедност како превентива од можни напади.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
