Ослободени речиси сите патници од киднапираниот авион
Авион на компанијата „Египет ер“ со 55 патници и 5 членови на екипажот, што летал од Александрија кон Каиро, беше киднапиран, по што принудно слетал во Ларнака, на Кипар.

Сите патници од киднапираниот египетски авион се ослободени, освен седуммината членови на екипажот и четворица странци, кои според извештаите на медиумите се Европејци.
Авион на компанијата „Египет ер“ со 55 патници и 5 членови на екипажот, што летал од Александрија кон Каиро, беше киднапиран, по што принудно слетал во Ларнака, на Кипар.
Во авионот има најмалку едно вооружено лице, кое е вооружено со бомба. Авиокомпанијата го потврди киднапирањето на авионот, Ербас 320.
Според кипарските медиуми, полициските сили почнале операција, а во меѓувреме властите во Никозија закажале итна седница.
