Годишна конференција на Македонска берза

29.03.2016 11:00

Ќе биде пуштена во употреба регионалната платформа за тргување. На неа, освен со акции од Македонија, ќе може да се тргува и со хартии од вредност од бугарски и од хрватски фирми.

Во тек е годишната конференција на Македонската берза, на која се одбележуваат 20 години од работењето. Ќе биде пуштена во употреба регионалната платформа за тргување. На неа, освен со акции од Македонија, ќе може да се тргува и со хартии од вредност од бугарски и од хрватски фирми.

Вкупно, на располагање за тргување се ставаат 387 акции, а кон оваа платформа се очекува да се приклучат и српски и словенечки издавачи.

Проектот се реализираше со финансиска помош од Европската банка за обнова и развој.