И натаму критично во Украина
Продолжува хаосот во Киев. Стотици вооружени антивладини демонстранити се обиделе да го заземат Министерството за енергетика. По повикот на министерот Ставицки дека постои ризик од колапс на целокупниот енергетски систем во земјата, отстапиле од намерата. Тензично беше изминатата ноќ. Демонстрантите палеа автомобилски гуми, фрлаа молотови коктели и камења кон полицијата. Од киевската болница соопштуваат дека уште еден демонстрант им подлегнал на повредите здобиени во судирите со полицијата во средата, со што бројот на загинати се искачи на тројца.
Продолжува хаосот во Киев. Стотици вооружени антивладини демонстранити се обиделе да го заземат Министерството за енергетика. По повикот на министерот Ставицки дека постои ризик од колапс на целокупниот енергетски систем во земјата, отстапиле од намерата. Тензично беше изминатата ноќ. Демонстрантите палеа автомобилски гуми, фрлаа молотови коктели и камења кон полицијата. Од киевската болница соопштуваат дека уште еден демонстрант им подлегнал на повредите здобиени во судирите со полицијата во средата, со што бројот на загинати се искачи на тројца. Антивладините активисти тврдат дека се загинати шестмина. Опозициските лидери синоќа на средба со еврокомесарот Филе. Тој повика итно да се стави крај на насилството и да продолжи дијалогот за изнаоѓање излез од кризата.
Во земјата немаме политичка, туку граѓанска криза. Разговаравме со европските партнери и констатиравме дека излезот од оваа криза ќе биде тежок без медијација од надвор, од западните партнери, рече Арсениј Јатсенук, лидер на опзицијата.
Не е доволно само промена на министрите. Луѓето бараат да се променат правилата, бидејќи се уморни од живот без правила, истакна Виталиј Кличко.
Претседателот Јанукович веќе почна со ветувањето за реконструкција на Владата. Го разреши шефот на киевската државна администрација Попив и на негово место го наименува Виктор Макеенки. Најави и измени на спорниот закон за протести. Опозицијата децидна, бара оставка на претседателот Јанукович.
Маја Стојанова
