ОАЕ: Пожар во виосококатница во Ајман

29.03.2016 09:48

Полицијата го потврди инцидентот, но не откри дали има жртви.

Голем пожар изби во една висококатница во Обединетите Арапски Емирати, во градот Ајман.

Полицијата го потврди инцидентот, но не откри дали има жртви. На социјалните мрежи се појавија фотографии од пожарот на кои се гледа како пламенот се шири од едната страна на зградата.

Во тек е спасувачка акција.