„Скај Њуз“: ИД планира напади врз еврејски деца во Турција

29.03.2016 11:52

Британските медиуми наведуваат дека засега не е јасно која разузнавачка служба ја проследила информацијата до „Скај Њуз“, напоменувајќи дека не може да се потврдат наводите.

Британскиот „Скај њуз“, повикувајќи се на разузнавачки извори, соопшти дека Исламска држава планира напади врз еврејски деца во Турција, а нивна цел може да бидат градинки, училишта и младински центри.

Британските медиуми наведуваат дека засега не е јасно која разузнавачка служба ја проследила информацијата до „Скај Њуз“, напоменувајќи дека не може да се потврдат наводите.

Поради информациите, во еврејските заедници се воведени вонредни мерки за безбедност.