Одложена седницата на Националниот совет за евроинтеграции
29.03.2016 11:18
Како што изјави претседателката на НСЕИ Лидија Димова, причина за тоа е што во исто време била закажана и седницата на собраниската Комисија за политички систем...

Седницата на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) која беше закажана за денеска е одложена поради немање кворум.
Како што изјави претседателката на НСЕИ Лидија Димова, причина за тоа е што во исто време била закажана и седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Нов термин за седницата на НСЕИ ќе биде дополнително закажан, рече Димова.
