Граѓаните и фирмите од Скопје должат на Водовод над 50 милиони евра

29.03.2016 12:42

Атанасов ги повика граѓаните да ги плаќаат сметките во предвидениот рок и посочи дека слаба наплата има во Сарај, Чаир и во руралните средини околу Скопје.

Граѓаните на Скопје должат на ЈП „Водовод и канализација“ околу 38 милиони евра, а стопанските субјекти кои работат во скопскиот регион 15 милиони евра. соопшти директорот на јавното претпријатие, Александар Атанасов.

Атанасов ги повика граѓаните да ги плаќаат сметките во предвидениот рок и посочи дека слаба наплата има во Сарај, Чаир и во руралните средини околу Скопје.

Според него има подобрување со наплатата и оти во моментов се на терен во Шуто Оризари каде очекуваат, исто така, подобрување на наплатата.

Денеска беа промовиорани и новите униформи за шалтерските работници и инкасатори.