Заледувањето во САД последица на глобалното затоплување
Поларното невреме во Соединетите Американски држави, бури, урагани, се последица на континуираното затоплување на планетата, топењето на мразот на половите и зголеменото загадување. Видни експерти и воени претставници во Америка претставија план за справување со последиците од климатските промени.
Поларното невреме во Соединетите Американски држави, бури, урагани, се последица на континуираното затоплување на планетата, топењето на мразот на половите и зголеменото загадување. Видни експерти и воени претставници во Америка претставија план за справување со последиците од климатските промени.
Мразот на Северниот пол се топи два пати побрзо во последнава деценија, што предизвикува зголемување на нивото на морето и промена на еко-системот на Артикот. Концентрациите на метан и јаглерод-диоксид се поголеми и го зголемуваат ефектот на стаклена градина на планетава.
„Изворите на јагрелод-диоксид и метан се на дното од океанот. Имаме докази дека овие гасови се како меури што предизвикуваат ефект на стаклена градина и се испуштаат во атмосферата од дното на Источното Сибирско море во руските територијални води“ - д-р Брендан Кели-советник на Белата куќа за наука
Како последица на глобалното затоплување се јавуваат екстремни температури, бури, урагани, исчезнување на животински врсти како загрозените поларни мечки и моржови на Северниот пол. Американската морнарица е единствената сила во Америка која е опремена да интервенира во случаи на природни катастрофи предизвикани од климатските промени.
„Имаме координација со сојузниците и партнерите за поморските комуникации. Знаеме точно каде се бродовите, па ако некој од нив е во опасност, можеме да го најдеме. Лоцираме и бродови кои пренесуваат недозволени товари низ Артикот.
Рибарството, поморскиот сообраќај, нафтените платформи во Северниот океан се загрозени поради глобалното затоплување на планетата“ - Контра-Адмирал Џонатан Вајт-американска морнарица
И покрај студениот бран на почетокот од годинава, Американската вселенска агенција-НАСА и Администрацијата за океани и атмосфера-НОАА прогнозираат дека 2014-та ќе биде потопла од минатата година.„
