Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на состанок во Драч

29.03.2016 12:59

Состанокот е подготвителен, на него ќе присуствува и македонскиот министер за надворешни Никола Попоски, а главни теми на разговорите се соработката во енергетската и во транспортната област.

Утре и задутре во Драч се одржува состанок на шефовите на дипломатиите од Западен Балкан, што е продолжение на конференциите од берлинскиот процес на соработка, што се одржа во Берлин и во Виена.

Состанокот е подготвителен, на него ќе присуствува и македонскиот министер за надворешни Никола Попоски, а главни теми на разговорите се соработката во енергетската и во транспортната област.

Конференцијата во Париз ќе се одржи во јули годинава.