Запленети 6 тони кокаин од подморница
29.03.2016 14:46
Објавена е и видео снимка од акцијата, која се случила на 3 март и во која се уапсени уште четири лица осомничени за трговија со дрога.

Калифорниската крајбрежна стража запленила над 6 тони кокаин од една полуподморница во близина на брегот на Панама.
Објавена е и видео снимка од акцијата, која се случила на 3 март и во која се уапсени уште четири лица осомничени за трговија со дрога.
На снимката се гледа како шверцерите седат на пловилото со дрогата со подигнати раце.
Се проценува дека запленетата дрога на црниот пазар би вредела повеќе од 200 милиони долари.
