Кошарка, АБА Лига, 18.коло

Цедевита и Цибона за престиж и за „фајнал фор“

25.01.2014 13:48

Претоследниот викенд пред паузата

Претоследниот викенд пред паузата во регионалната кошаркарска АБА Лига поради националните купови на почетокот на февруари, го носи 18.коло. Негов главен белег ќе биде хрватското дерби меѓу ривалите од Загреб Цедевита и Цибона, овој пат и уште попривлечно отколку во други ситуации, со оглед на ситуацијата на табелата во која се наоѓаат и двата тима. И Цедевита и Цибона рефлектираат на местата коишто ќе водат на „фајнал фор“ турнирот, а шансите им се многу реални за тоа, бидејќи во моментов се трет и четврти на табелата, што само го зачинува спектаклот којшто ќе им го приредат на навивачите во главниот град на Хрватска, вечер од 19 часот во „Домот на спортовите“. Најпривлечниот дуел од оваа рунда, во АБА Лигата, може да го гледате и во директен пренос на МРТ Собранискиот сервис.

Саботната програма во регионалната кошаркарска лига ја отвораат Олимпија и Раднички (од 16 часот). Од 17 часот лидерот Црвена Звезда ќе му гостува на Солнок, додека покрај дуелот во Загреб, за 19 часот е закажан мечот Мега Визура-Задар. Час подоцна силите ќе ги одмерат Игокеа и Крка, а во вечерниот термин од 21 часот Будуќност ќе го пречека Широки.

За македонските љубители на кошарката најмногу интересирање ќе привлече гостувањето на шампионот МЗТ Скопје како актуелниот освојувач на АБА, евролигашот Партизан, в понеделник од 20.30 часот. И тој натпревар МРТ ќе го пренесува во живо на Собранискиот сервис.