Премиера на филмот „Џган“

29.03.2016 16:47

Нов игран филм во Македонија. „Џган“ - дебитантското остварување на режисерот Вардан Тозија, утрвечер ќе ја има својата премиера во киното Милениум...

Новиот македонски игран филм „Џган“ кој премиерно ќе биде прикажан утре пред македонската публика, е дебитантско дело на режисерот Вардан Тозија. Приказна за повлечено момче, кое низата од свирепи околности го претвораат во суров бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните sидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив постои само едно заедничко име – Џган.

Поведен од слоганот на филмот дека „никој не е роден насилен“, режисерот Тозија го изработи и сценариото.

Филмот „Џган“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм. По скопската премиера, ќе биде дистрибуиран во кината низ цела Македонија.

 

Александра Перевска