Нимиц: Миграциската криза создава притисок за изнаоѓање решение за спорот со името
30.03.2016 10:27
Нимиц смета дека по изборите во јуни повторно ќе се создадат услови за решавање на тој проблем...

Посредникот на ОН во спорот меѓу Атина и Скопје за името, Метју Нимиц, смета дека по изборите во јуни повторно ќе се создадат услови за решавање на тој проблем.
Во интервјуто за телевизијата „Скај“, што го пренесува грчки „Катимерини“, Нимиц истакнува дека мигрантската криза го прави уште позначаен моментот за решавање на проблемот, дополнувајќи дека ако беше решен досега, двете земји ќе беа партнери на ЕУ и на НАТО, а бегалскиот проблем ќе беше надминат поефикасно.
