Напаѓачите во Париз користеле мобилни телефони купени во Хрватска

30.03.2016 11:20

Според весникот, во нападите на стадионот, кафулињата и рестораните во Париз, напаѓачите користеле мобилен телефон од Хрватска, а двајца од нив, а не како што досега се мислело еден, на пат од Сирија во Паризм, минале низ Грција и натаму по балканската рута...

Хрватските и француските безбедносни служби дошле до сознание дека некои од напаѓачите во париз во ноември, користеле мобилни телефони купени во Хрватска, пишува „Вечерњи лист“.

Според весникот, во нападите на стадионот, кафулињата и рестораните во Париз, напаѓачите користеле мобилен телефон од Хрватска, а двајца од нив, а не како што досега се мислело еден, на пат од Сирија во Паризм, минале низ Грција и натаму по балканската рута преку Хрватска, користејќи се со фалсификувани документи.

Во исказот на еден од сведоците, Абделхамид Абауд, и рекол на роднина дека од Сирија стигнал преку балканската рута, инфилтрирајќи се меѓу мигрантите, како и дека со него пристигнале уште 80 борци во Европа.