Од Ноември ISON видлива со голо око
Кометата Ајсон (ISON) видлива од Македонија
24.10.2013 15:02
Кометата во тој момент беше со сјај од 8.5 маг.

Фотографија од кометата ИСОН направена рано утрото на 23.10 од страна Александар Алексов (Астрономско друштво на Македонија). Кометата во тој момент беше со сјај од 8.5 маг. сеуште далеку од нашата планета, но ја чекаме се повеќе и повеќе да го зголемува сјајот и да биде видлива и со голо око во ноември. За жал големиот сјај на Месечината направи кометата да не биде многу забележителна, како што и гледате на фотографијата.