Законот за јавна администрација по светски стандарди

25.01.2014 14:13

Новиот закон за јавната администрација е по светски терк, коментира за МТВ професорот на правниот факултет Борче Давитковски.  Воопшто не е алармантен за административците, смета тој, напротив, вели дека квалитетот ќе се зголеми преку оценувањето и селекцијата на административците.  Законот стапува во сила од 2015.

Професорот Давитковски смета дека не претставува проблем основното познавање на странски јазик, нешто што ќе биде задолжително за административците.  За нив обуките  ќе бидат едукативни се со цел граѓаните да ја завршат својата работа побргу и без оддолжување.

„Законот за администрација е правен со експерти од Британија, Канада и Нов Зеланд.  Ќе се донесе и каталог на звања, за да се унифицираат работните места, но и платите  во администрацијата“  -  изјави Борче Давитковски