Избор на најуспешни жени- менаџери
Годинава се одржува 20-тото издание и по повод јубилејот ќе бидат прогласени 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми...

„Здравјето и убавината во функција на современата жена“ е тема на денешниот настан што се одржува во рамки на манифестацијата Избор на најуспешни жени менаџерки од Македонија и дијаспората.
Планирано е да се одржат предавања од областа на медицината, фармацијата, козметологијата и бизнис психологијата, а ќе бидат поставени и штандови од овие дејности.
Изборот на најуспешна жена менаџерка го спроведува Агенцијата „Марили“. Годинава се одржува 20-тото издание и по повод јубилејот ќе бидат прогласени 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми - да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности и да се почитува нивната согласност да бидат дел од изборот.
