Русија нема да учествува на Самиот за нуклеарна безбедност во Вашингтон
Ова е четврти, а можеби последен состанок на високо ниво, што има за цел спречување терористичките организации да дојдат до нуклеарен материјал...

Русија, земја која има најголем нуклеарен арсенал во светот, нема да учествува на Самитот за нуклеарна безбедност што утре почнува во Вашингтон. Ова е четврти, а можеби последен состанок на високо ниво, што има за цел спречување терористичките организации да дојдат до нуклеарен материјал.
Москва учествуваше на претходните три, но во јануари годинава соопшти дека нема да испрати делегација во Вашингтон бидејќи, според Москва, ваквите самити се мешање во работата на другите организации, како на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Со одлуката да не учествува на Самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон, Русија се самоизолира и пропушта можности, велат од Белата куќа.
