Кај Сицилискиот проток спасени над 1.500 мигранти

30.03.2016 13:09

Граничните патроли успеале да ги спасат мигрантите кои патувале со четири гумени чамци и со уште едно бротче.

Италијански гранични патроли и военопоморски сили спасиле над 1.500 мигранти во 11 операции во Сицилискиот проток, што ја дели Италија од либискиот брег.

Граничните патроли успеале да ги спасат мигрантите кои патувале со четири гумени чамци и со уште едно бротче.

Од спасените 774 се мажи, 125 се жени, а пет деца.

Три брода на военопоморските сили спасиле над 660 мигранти во уште неколку операции. Германски воен брод спасил 105 мигранти.