Книгата е сеуште моќно орудие

25.01.2014 14:20

Во 2000-та, книгите на македонски јазик биле застапени само со 7 насто од вкупната продажба, во 2013-та година процентот е 83. Ова се најновите податоци на издавачката куќа Матица која деновиве организира саем на книгата. Бројот на читатели-членови пред 13 години бил 1.700, а лани надминал 31 илјада. Продажбата на книги на македонски јазик е зголемена за 50 пати. Граѓаните наоѓаат време да прочитаат добра книга.

Саемите на книги се значајни културни манифестации кои обезбедуваат концентрација на дела од домашни и од странски автори. Има дела за сечиј вкус и за сечиј џеб. Се читаат и современи и класични дела, но и љубовни романи.

„Книгата во традиционалната форма останува моќна технологија што не се расипува, што може да ја носиме со себе и која му пркоси на времето. Од нејзиниот најстар облик, па се до денешниот, дигитализиран, докажала дека е најмоќното орудие за ширење на знаењето“  - Симона Самарџиева “Матица”

Книгата е извор на сите мудрости, прозорец кон светот. Ернест Хемингвеј рекол : “Не постои полојален пријател од книгата”.

Новинар:Александра Перевска

Снимател:Здравко Петрушевски