Решена дилемата-Ли На Аус опен шампионка
На свој речиси 32 години, кинеската 4-та носителка Ли На на првиот во годинава тениски грен слем Австралискиот, високо го подигна пехарот на централниот мелбурски терен, Род Левер Арената.
Во својот последователен втор обид во Мелбурн, На, се вбројува како една од 15-те тенисерки во историјата на грен слемовите со над 30 годинини и највозрасна која го освојува овој, Австралискиот.

Нејзината денешна на ниво само во првиот сет противничка Доминика Цибулкова, направи веќе супер подвиг со пласман во последниот ден во Мелбурн со својот доттогаш 24-ти носителски ранкинг. И кинеската и словачката отворија и ново поглавје во Австралискиот бележник, кој, победничката ја впиша како прва кинеска освојувачка на истиот, а поразената прва словачка финалистка. За Цибулкова ова беше и прво воопшто грен слем финале, во кое предходеа супер две елиминации на тенисерки од топ 10-ката, третата Шарапова и петтата Радванска.
Со пресврти и многу емоции мина првиот сет до водството на Ли од 1:0 преку 7:6, за вториот нервозата и притисокот кој си ги наметна Цибулкова ја надвладеат и поразат со сигурни и убоити 6:0 и конечни 2:0, за втор освоен по Парискиот 2011-тата грен слем, во кариерата на кинеската која како згазна на пеколните Мелбурнски терени цврсто и сигурно безмалку така и заврши.
Ли На додаде 2,6 милиони австралиски долари на своето банковно конто, Цибулкова напола од неа. Кинеската направи и поргрес за едно место на ВТА поредокот, па така од понеделник ќе биде на тртото место зад Серена Вилијамс и Азаренка. Цибилова прави супер скок од 11 места, па со почетокот на следната недела ќе биде 13-та, со што сеуште не го надминува нејзин највисок ранкинг 12-та од годината 2009-та.