Отворен ден за органска храна
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се одржа Отворен ден на органска храна, со кој започна и кампања за важноста на овој вид храна за луѓето, но и како сектор во земјоделството.

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се одржа Отворен ден на органска храна, со кој започна и кампања за важноста на овој вид храна за луѓето, но и како сектор во земјоделството.
- Досега површината што се обработуваше со земјоделски култури како органско производство беше околу 1.370 хектари. Веднаш по воведување на мерките за поддршка на овој вид на производство, површините во Македонија се проширија на 5.300 хектари. Тоа е многу добра потврда дека навистина сите политики коишто ги спроведуваме во земјоделството особено во секторот на органското производство вродија со плод. Истовремено ова е значаен скетор заради тоа што над 90 проценти од вкупното производство на органски производи е наменето за извоз, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Додаде оти целта е на ваков начин органското производство да се доближи до македонските потрошувачи.
- Истовремено за тоа веќе и Министерството односно Владата креира нова политика слична како онаа за продавниците наменети за продажба на македонско вино, да отвориме уште пет продавници за продажба на македонски органски производи. Сметаме дека на тој начин ќе помогнеме и на секторот, на самите производители, преработувачи и на тој начин уште повеќе сите овие органски производи ќе ги направиме подостапни за потрошувачите, истакна Димовски.
