Истекува рокот за легализација на објектите на земјоделците

31.03.2016 10:34

Под овие објекти не се сметаат настрешниците или оние за времено домување.

Денеска истекува рокот за легализација на објектите што ги изградиле земјоделците за обработка на примарното производство, заклучно до 3-ти март 2011 година.

Под овие објекти не се сметаат настрешниците или оние за времено домување.

Од ресорот земјоделство апелираат до земјоделците, да го искористат рокот и да поднесат барање, а добиениот имотен лист ќе може да го искористат за постапките за добивање средства од ИПАРД фондовите.