Самит за нуклеарна безбедност во Вашингтон
31.03.2016 11:05
Делегации од повеќе од 50 земји ќе разговараат за нуклеарните закани и за начините како да се намалат....

На самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон за првпат ќе биде одржана посебна сесија за тоа како да се спречат терористичките групи да стигнат до нуклеарен материјал.
Делегации од повеќе од 50 земји ќе разговараат за нуклеарните закани и за начините како да се намалат. Русија одби да учествува на самитот, наведувајќи дека ваквите самити веќе ја одиграле својата улога.
На маргините на состанокот, пак, Обама ќе се сретне со јужнокорејските претседателка и премиер со кои ќе разговара за нуклеарната програма на Северна Кореја.
